Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Климент

Претседателот на Владата Емил Димитриев упати честитка по повод празникот Св. Климент до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници, посакувајќи им среќа и душевен мир.
- Славејќи го ликот и делото на Свети Климент, продолжува нашата традиција на народ кој умее да ги цени и почитува големите луѓе и големите дела од својата историја. Македонската историја векови наназад е испреплетена со мноштво на црковни и општествени дејци кои оставиле траен белег во сеќавањата на луѓето и трајни вредности во македонското културно издигнување. Меѓу сите нив, многу векови наназад, како еден од најпрепознатливите и најблиските до народот, останал да се памети и прославува големиот просветител Свети Климент Охридски, пишува Димитриев во честитката.
Како и сите претходни години, наведува Димитриев, така и оваа година, да си спомнеме за Климентовото дело, за македонското проодување во верата, за нашата христијанизација, описменување и севкупно културолошко воздигнување.
- Да си спомнеме и грижливо да си ги чуваме силните вредности кои ни ги оставил нашиот духовен великан. Да одбележиме и да се инспирираме од неговиот живот, од неговиот несекојдневен дух, карактер, посветеност, трпение и љубов кон луѓето. Да се помолиме за здравје, среќа и љубов помеѓу нашите граѓани, наведува премиееот Димитриев во честитката.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
