Честитка од премиерот Димитриев по повод Водици

Претседателот на Владата Емил Димитриев денеска, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората.
- Славејќи го Богојавление и нашата верба во Бога, го следиме Христовото учење за мирен, спокоен и богоугоден живот, за трпение и милосрдие, за чиста и искрена мисла. Таа верба во Бога со векови била нашата најголема и најзначајна сила за соочување со сите предизвици и за победи при сите искушенија, носејќи ни успеси, напредок и просперитет. Вредностите кои ги носи овој празник да ни помогнат да продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја, за подобрување на економијата, за унапредување на стандардот на населението, за создавање на услови за раст и развој во секоја општествена сфера и изградба на напредна Република Македонија, стои во честитката.
Токму затоа, додава Димитриев, и оваа година, прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.
Ново на Сител
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
