Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот државен празник Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија и до членовите на македонската дијаспора ширум светот.
- Овој ден ја симболизира истрајноста и пожртвуваноста на македонскиот народ, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност која ќе се преточи низ многу вековна борба и истрајност во создавање на сопствена држава. Ова е ден кога пред многу години македонскиот народ ја добива организацијата која по својата форма и функција ја отсликува оваа негова желба и која прераснува во предводник и организатор на македонската револуционерна борба за обезбедување на најосновните човекови права и можност за достоинствен живот, вели премиерот Груевски во честитката.
Целта на Внатрешната македонска револуционерна организација, додава тој, била изедначување на македонскиот со сите останати европски народи кои непречено ги изразувале и одржувале своите традиции, култури и посебности непречено на својот мајчин јазик.
- Основоположниците и нејзините членови имале вонредно тешка задача да го организираат народот и успешно да покренат движење кое ќе води кон слободата на Македонија. Благодарение на нивната неисцрпна љубов кон татковината, која им ја давала силата да истраат во своите напори и фанатичната посветеност кон зададената цел која е дел од битието на секој Македонец, членовите на ВМРО оставиле траен позитивен белег во нашата историја, а нивните вредности и дела трајно се вградиле во македонската државност, истакнува македонскиот премиер.
Пред таквата посветеност и упорност, потенцира, денес ја изразуваме нашата благодарност.
- Правото да ги одгледуваме и воспитуваме нашите деца во согласност со нашите обичаи и традиции, а со тоа и да ги зачуваме за идните поколенија Македонци во кои ќе продолжи да гори огнот на ваквите цели и идеали!, истакнува Груевски во честитката по повод Денот на Македонската револуционерна борба.
Тоа револуционерно дело, истакнува македонскиот премиер, ни дава добар пример да продолжиме со посветеност, со одговорен пристап, со мудрост и со истрајност да инвестираме во развојот на нашата земја, во унапредувањето на сите општествени сфери и давањето на можности за подобар живот и повисок стандард на граѓаните, за континуиран напредок и изградба на силна и модерна Република Македонија.
Ново на Сител
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
