Честитка од претседателот Иванов до Еврејската заедница по повод празникот Пасха
Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
- Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам претстојниот празник Пасха, кој е еден од трите празници на поклонението. Тој го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство. Според легендата, се слави доаѓањето на израелските племиња во Египет, нивното ослободување од египетското ропство и потребата од пасхална жртва. Евреите низ светот, од поколение на поколение, одбележувањето на овој ден го поврзуваат со борбата за слобода и за непокорност, како симбол на ново раѓање и надеж. Негувајќи ја традицијата ги негувате вистинските вредности на религијата, поклонението и ја славите слободата, наведува Иванов во честитката.
Македонскиот претседател посочува дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности создавајќи вредности за идните генерации. - Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство, додава Иванов.
Ново на Сител
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид