Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври – Денот на народното востание
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
– На 11 октомври 1941, пред точно 76 години, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Свесен дека вистинската слобода за Македонија не може да биде измолена и подарена, туку само со борба освоена, македонскиот народот заедно со сите чеда на Македонија ја започна Народноослободителната борба. Во оваа борба, народот на Македонија се препороди и се почувствува слободен да си ја земе судбината во сопствените раце, се наведува во честитката.
– На овој тежок пат, тие се водеа од три вредности – слободата, правдата и човечноста кои ги вградија во темелите на македонската држава. Нашите славни предци во наследство ни ја оставија скапо платената слобода и државност на Република Македонија. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме, за да им ја предадеме на нашите потомци. Затоа, да останеме верни на македонската традиција на соживот и почитување на различноста. Да вложуваме во довербата и во почитта што го држат нашето општество сплотено. Да продолжиме да градиме демократска, просперитетна и европска Република Македонија. И притоа, постојано да ги имаме на ум вредностите кои не движат и како луѓе и како општество, а тоа се слободата, правдата и човечноста, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари