Честитка од претседателот на Собранието, Џафери по повод Божик

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери по повод Раѓањето Христово - Божик упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод и целото свештенство и монаштво, како и до сите верници од православна вероисповед.
Најсветиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божик, се наведува во честитката, е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна.
- Верувам дека Македонската Православна Црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за љубов, простување, помирување и за сплотување. Затоа, нека овие денови бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме, а тоа се слободата, еднаквоста и праведноста. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите сограѓани кои го прославуваат празникот посакувам љубовта и мирот да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија, стои во честитката.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
