Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан Бајрам
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху.
Во продолжение е интегралниот текст од честитката од претседателот Пендаровски на македонски и на албански јазик:
Почитуван реис-ул-улема
хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху,
Имам особено задоволство и голема чест Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам.
Најискрено посакувам празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба, споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски.
За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи. Ви благодарам за истрајноста, внимателноста и дисциплината. Се надевам дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со епидемијата чиј крај, благодарение на започнатата вакцинација, веќе се наѕира.
Дозволете ми, токму на првиот ден на Рамазан бајрам, уште еднаш да потсетам на значењето на соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање во нашата заедничка татковина. Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или каква било припадност, градејќи праведно општество и просперитетна Република Македонија.
Честит Рамазан бaјрам.
Стево Пендаровски
Претседател на Република Македонија
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
