Македонија
28. јуни 2023 - 9:36

Честитка од СПМ по повод празникот Курбан Бајрам

До нашите сограѓани со исламска вероисповед, поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, на членовите на Ријасетот и муфтиите во името на Социјалистичката партија на Македонија и во мое лично име упатувам честитка за големиот празник Курбан Бајрам кој во себе ја соддржи солидарноста и дарувањето, грижата и вниманието.

Празникот да ви донесе радост, благосостојба и мир во вашите домови и во домовите на вашите најблиски. Љубовта и грижата за најблиските да бидат поттик за среќа и општа благосостојба на секој граѓанин во општеството. 
Курбан Бајрам постојано потсетува на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир, соживот и среќа. 

Во нашата држава Македонија значењето на празникот Курбан Бајрам е во изграденото разбирање и меѓусебно почитување, без разлика на верската, етничката или која било друга припадност.

Честит Курбан Бајрам!