Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод празникoт Успение на Пресвета Богородица ВМРО-ДПМНЕ денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест.
- Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, нека овој светол празник донесе љубов и среќа во секој дом. Православните христијани на денешниот ден ги чествуваат мирот, мудроста и толеранцијата, вредности кои се силно вкоренети во нашата вера и традиција, вредности кои ни носат спокој и радост во душата, се вели во честитката.
На овој голем христијански ден, порачува ВМРО-ДПМНЕ, да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме. Наша обврска е да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е клучот на патот до исполнет и спокоен светол живот. Поминете го овој голем ден во празнична и хармонична атмосфера, нека вашата хармонија и семејна љубов се преточи во секојдневието кое го трасира патот на успехот, наведува во честитката ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
