Честитка по повод Денот на независноста од МД „Илинден“ – Тирана
– Македонското друштво „ Илинден“ – Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.
– Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“ – Тирана ви го честитам 8 Септември – Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 31 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои меѓу другото во честитката.
Се додава дека овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.
-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честиката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Честитка, по повод Денот на независноста од свое и од име на партијата упати и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
Ново на Сител
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии
-
КБК Шампион најдобар на Националното кик-бокс првенство
-
Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
-
Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени