Честитка по повод Песах од Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верски заедници денеска упати честитка по повод празникот Песах до припадниците на еврејската заедница во Македонија.
Директорката на Комисијата Валентина Божиновска во честитката до претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ наведува дека празникот ПЕСАХ не потсетува дека верата во Бога и вистинските вредности на религијата се клучни фактори во елиминирање на злото и на деструктивноста.
- Дозволете ми Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник ПЕСАХ и одбележувањето на денот кој претставува симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ.
Симболот на ослободувањето на Евреите од Египет претставува симбол на ново раѓање и надеж за еден подобар свет во кој мирот, напредокот и соживотот ќе бидат универзални вредности. Денес, празникот ПЕСАХ е тука да нè потсети дека верата во Бога и вистинските вредности на религијата се клучни фактори во елиминирање на злото и на деструктивноста. Меѓусебното разбирање и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува кон остварување на највисокиот идеал на слободата.
Ви посакувам, овој голем празник да го поминете во мир и благосостојба, и нека овој голем еврејски празник во сите нас ја ослободи универзалната потребата да сакаме и да бидеме сакани, стои во честитката на Божиновска упатена до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
