Македонија
7. January 2016 - 11:11

Честитка за Божиќ од претседателот на Македонска алијанса Џорџ Атанасоски

Претседателот на Македонска алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упати честитка по повод христијанскиот празник Рождество христово Божиќ до поглаварот на Македонската православна црква Охридска Архиепископија г. г. Стефан и до сите православни верници.

- Денешниот блажен ден нека ви биде радосен. Ви посакувам здравје, мир во душата и спокој во мислите, стои во честитката на Атанасоски.