Четири дечиња од гостиварска Бањица оставени на бабата, родителите ги чека затвор
Педесет и пет годишна жителка на гостиварското село Долна Бањица ги пријавила во полиција синот и снаата за запуштање на четирите деца.
Според СВР Тетово, во полициската станица Гостивар, утрово С.Ш. (55) пријавила дека нејзиниот син и снаата целосно ги запуштиле четирите малолетни деца и не се интересирале за нив. Жената, изминатите шест месеци сама за грижела за внуците.
- Синот и снаата не живееле заедно, но не биле судски разведени, така што секојдневната грижа за децата била исклучиво на бабата. По пријавата, се превземаат мерки и активности за расчистување на пријавеното, а против родителите на малолетните деца ќе следува законски предвидениот поднесок, изјави Марјан Јосифоски портпарол ан СВР Тетово.
Годинава, посочи тој, на гостиварските и тетовските простори ова е прв случај кој пријавен во СВР Тетово.
Запуштање и малтретирање на малолетни лица претставува кривично дело, за кое во членот 201 од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е затворска казна од најмалку пет години. Зависно од крајните последици на запуштањето, затворската казна може да биде уште поголема и да достигне до 10 години.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница