Македонија
10. December 2024 - 9:09

Четири камиони изгореа во фирма во Визбегово

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаеви 112 во ЦУК, вчера, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.

Според првичните информации се работи за пожар на четири камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони.

Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол.

За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.