Четири линии на метрото во Брисел ставени во функција

Четири линии на подземната железница во Брисел од денеска повторно функционираат и тие ќе оперираат од седум часот изутрина, па до 19 часот навечер, потврди бриселската транспортна компанија СТИБ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трамваите и автобусите во белгиската престолнина исто така сообраќаат, но со намалена фракфенција.
Сепак, дел од метрото во Брисел останува затворено, па т.н. шатл-автобуси ќе возат меѓу станицата Шуман во европскиот кварт и Главната станица во центарот на градот, поради тоа што станицата Малбек, која беше цел на терористички напад во вторникот, се уште не е во функција.
- Сите 38 станици што од денеска се отворени се избрани во консултација со полицијата и на база на оперативните и превозни објекти за патниците со останатите мрежи на трамваите и автобусите, информираа градскиот јавен превоз СТИБ.
Безбедносните сили на Белгија продолжуваат да ја обезбедуваат подземната патна мрежа, а сите патници што влегуваат во метро станиците детално се проверуваат од страна на тешко вооружени војници и полицајци.
Единствено и денеска не е во функција автобуската линија 12, што сообраќа од центарот на Брисел до аеродромот „Завентем“, поради тоа што Националниот бриселски аеродром исто така беше цел на терористички напад и тој се уште е надвор од функција, иако во текот на вчерашниот ден имаше полети и слетувања на товарни авиони, а се најавува и отворање на патничките летови до крајот на неделава или најдоцна в понеделник.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
