-->
-->
Четири малолетници и четворица возрасни нападнати од агресивно куче во Куманово
-->
Вкупно осум лица од кои четири малолетници биле каснати од куче, соопштија денеска од СВР Куманово, од каде велат дека преземаат мерки за расчистување на случаите. Претходно за МИА, надлежните институции кажаа дека агресивното куче, кое не е евидентираното на заловени и третирани кучиња скитници во Куманово, нападнало ученици и возрасни. Кучето, како што соопштија од ВСЦ „Тодор Велков“, е од расата „aзијат“, тешко 72 килограми.
- Кучето што е заловено, однесено во прифатилиште, проверено од страна на комунален и на инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, е утврдено дека не е чипирано, а е чувано од сопственик, бидејќи му се исечени ушите и опашката. Кучето во моментов е во нашето прифатилиште. Жалиме што сè уште вакви неодговорни сопственици на кучиња и покрај заложбите на општината и на нашиот центар да го решиме проблемот со бездомни кучиња, изјави Зоран Пешевски, директор на ВСЦ „Тодор Велков“.
Директорот на училиштето „Крсте Мисирков“, Филип Колевски, претходно кажа дека учениците биле нападнати на одмор на триесетина метри од училиштето. Децата, како што рече Колевски, се исплашени и се упатени за примање вакцина. Според него, реагирала и дежурната полиција која била во близина на школото и вработени од „Чистота и зеленило“ кои работеле на улицата.
И од секторот за инспекциски надзор велат дека веднаш интервенирале по дојава на граѓани.
- Веднаш интервениравме, податоците се доставени до „Тодор Велков“. Тоа куче е заловено. Инспектор за храна и ветерина направи записник, констатирано е дека кучето е агресивно, изјави раководителот на секторот, Бобан Бојковски.
Кучето напаѓало и кучиња скитници.
Од кумановскиот сектор за инспекциски надзор најавија поинтензивни контроли во близина на училиштата и градинките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Комисијата за финансирање и буџет ја почнува амандманската расправа за ребалансот - поднесени 224 амандмани
-

Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара
-

СП 2026: Шпанија во судиското продолжение ја совлада Португалија за четвртфинале
-

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
