Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад
Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници.
Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс.
Во соопштението на ирачката армија се наведува дека во нападот се повредени една девојка и една жена, како и дека ракетите биле лансирани од населбата Дора во Багдад.
Очевидци тврдат дека го слушнале одбранбениот систем на амбасадата C-RAM, кој треба да открие и уништи дојдовни проектили, артилерија и минофрлачки гранати за време на напад.
Ова е последен во серијата напади со ракети и беспилотни летала од почетокот на годината, а се насочени кон американското присуство во Ирак. Минатиот четврток, серија напади беа извршени врз американските војници во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар