Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово - Крива Pаланка во атарot на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово.
Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.
- На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.
Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот