Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица

Вкупно 14 пријави за семејно насилство се евидентирани деновиве, четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во гостиварско село денеска полициски службеници од ОВР - Гостивар го лишиле од слобода А.Р., на возраст од 21 година, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.
Во ОВР - Гостивар и вчера и денеска биле регистрирани пријави за семејно насилство. Триесет и петгодишна жена од Кичево пријавила дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа. Четириесет и четиригодишна жена од гостиварското подрачје пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.
- Синоќа во 19:57 часот во СВР - Тетово, 21-годишник од гостиварско пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани. Вчера во СВР - Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга, појаснија од МВР.
Другите случаи биле на територија на СВР - Скопје.
- Вчера во 11 часот во СВР - Скопје, 46-годишен маж пријави дека околу седум часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. Исто така, денеска во еден часот, 37-годишна жена пријави дека претходниот ден во домот била нападната со тврди предмети од нејзиниот 46-годишен сопруг, информираа од МВР.
Денеска во 4:30 часот во СВР - Скопје, 34-годишна жена пријавила дека од месец септември 2025 година досега, во скопско, нејзиниот сопруг С.А., на возраст од 36 години, ѝ упатувал закани, а на 7 март, физички ја нападнал.
Претходно, во 3:40 часот во СВР - Скопје, 75-годишна жена пријавила дека вчера во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С., на возраст од 28 години.
- Синоќа во 21 часот во СВР - Скопје, 33-годишна жена пријави дека на 8 март во домот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А.. Вчера во 15:30 часот во СВР - Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 8 и 9 март во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 33-годишен вонбрачен партнер. Исто така, во 17:30 часот, 33-годишен маж пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка. Вчера во 13:30 часот во СВР - Скопје, 38-годишен маж пријави дека на 7 март во домот на подрачјето на Центар, неговата партнерка И.К., на возраст од 36 години, го нападнала со тврд предмет. Синоќа во 22:30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје го лишија од слобода Љ.Б., 68-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син, соопштија од МВР.
Оттаму информираа и дека на 8 март во 21 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода А.К., 31-годишен скопјанец, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.
- Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави, додадоа од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
