-->
-->
„Четирите скокалници“ за Полјакот Штох
-->
Камил Штох од Полска победи на последната станица на Новогодишната турнеја, скокалницата во Бишофсофен, и го освои првото место во вкупниот пласман на престижното натпреварување во ски скоковите. Трагичар во Бишофсхофен е Норвежанецот Даниел-Андре Танде, кој беше лидер по првите три скокалници.
Штох во Бишофсхофен ја забележа првата победа сезонава со скоковите од 139 и 138,5 метри. Тој победи во вкупниот пласман, откако претходно во Оберсдорф и Гармиш беше втор, а во Инсбрук го освои четвртото место.
Штох стана вториот полски ски скокач кој победил на Новогодишната турнеја. Претходно тоа му успеа на Адам Малиш во 2001 година.
На последната скокалница зад Штох се пласираа Михале Хајбок од Австрија и Пјотр Зила од Полска. Зила во вкупниот пласман го освои второто место, со што го надополни успехот на Полска. Трет во генералниот пласман беше трагичарот Танде.
Норвежанецот по првата серија се наоѓаше на третото место, но имаше лош скок од само 117 метри и на крајот заврши како 26-ти.
Победата на Новогодишната турнеја му недостасуваше на Ѓтох за да ја заокружи серијата на успеаси во кариерата, тој е светски првак и двоен олимписки шампион од Сочи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото