Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
Безживотните тела на тројца мажи и една жена биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, додека пак на копно биле откриени 25 бегалци и мигранти кои се во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека, според сведоштвата на преживеаните, , доцна синоќа криумчарот што ги пренесувал ги натерал да го напуштат чамецот додека сè уште биле далеку од копното, по што побегнал.
Бегалците и мигрантите биле оставени во море, 25 од нив успеале безбедно да стигнат на копно, додека пак четворица се удавиле.
Преживеаните преку бројот 112 за итни случаи ги информирале властите и биле префрлени во главниот град на Родос, а крајбрежната служба ги извлекла безживотните тела на тројцата мажи и жената.
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година