-->
-->
Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
-->
Четири лица се повредени, откако, од засега непознати причини, паднал лифт во атинската државна болница „Црвен крст“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации повредени се двајца болничари од возило на брза помош на приватна клиника, еден пациент и неговиот придружник и неофицијално нивната здравствена состојба е под контрола.
Претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос за информативниот портал „Еникос“ објасни дека несреќата се случила во старото крило на болницата, дека четворицата најверојатно се полесно повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две сообраќајки на експресниот пат кај Крива Паланка - еден загинат, а четворица полицајци повредени
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан
-
Стејт департментот ги замрзна речиси сите американски програми за меѓународна помош
-
При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан
-
Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пронајдени неколку пиштоли во автомобил кој го возел 15-годишно дете