Четворица повредени во сообраќајна незгода меѓу две возила на патот Неготино-Кавадарци
Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што синоќа се случила меѓу две возила на патот Неготино – Кавадарци, потврдија утринава од МВР за МИА.
– Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Кавадарци, на местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.П.(43) од Неготино и патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(40) од Росоман. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките во возилото „лада“, Г.Г.(39) од Штип и А.В.(42) од Росоман, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, појаснија од МВР.
Оттаму додаваат дека синоќа околу 20:30 часот во Полициската станица Неготино, било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, товарно возило „сканија“ со гевгелиски регистарски таблички со полуприколка, управувано од Е.П.(31) од село Стојаково излетало од патот при што е причинета материјална штета.
Ново на Сител
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
