Свет
16. August 2016 - 9:57

Четворица тајвански војници загинаа откако тенк падна во река

Четири војници загинаа кога нивниот тенк падна од мост во надојдена река по редовната годишна воена вежба во јужниот дел на Тајван.

- Тенкот во кој се наоѓаа пет војници, се враќал по извршената воена вежба во кам во хужниот округ Пингтунг. Возачот успеал да излезе од тенкот, а четворицата војници останаа заглавени. Кога подоцна биле извлечени не покажуваа знаци на живот, изјави портпаролот на тајванската Осма воена команда Алфонсо Јанг.

Тој додаде дека се истражува причината за несреќата.