Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев

Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, соопштија украинските власти.
Поради обемот на штетите затворена е метро станицата Лукианивска во близина на центарот на градот, пренесува ДПА.
За разлика од претходните напади на Киев, овој пат не бил објавен аларм за воздушен напад, а предупредувањето се огласило дури откако се слушнале експлозии.
Според официјалните извештаи, во нападот биле користени балистички ракети. Оштетената метро станица се наоѓа веднаш до фабрика за оружје која повеќепати била цел на руски ракетни напади.
Според украинските медиуми, остатоци од проектилите паднале и во други делови на градот.
На сликите кои се објавуваат на социјалните мрежи можат да се видат оштетени автомобили и истекување вода предизвикано од пукање на водоводна цевка на станицата.
Во делови на Киев, каде живеат три милиони жители, водоснабдувањето беше привремено прекинато.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
