Четворица загинати во несреќата кај Лезбос
Грчките власти досега пронајдоа тела на четири лица, меѓу кои две деца, кои се удавиле по превртувањето на чамец со мигранти во близина на островот Лезбос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката крајбрежна стража соопшти дека се пронајдени телата на едно девојче, едно момче, на маж и жена, додека шест преживеани се извлечени од морето.
Мигрантите се наоѓале во гумен чамец со уште девет други лица и патувале кон Лезбос од турскиот брег.
Во спасувачката операција учествувале бродови на грчката крајбрежна стража и на Фронтекс.
Островот Лезбос е главна влезна точка за стотици илјади мигранти и бегалци чија крајна цел е западна Европа. Сепак, нивниот број секојдневно се намалува, поради договорот за нивно запирање меѓу ЕУ и Турција, потпишан во март годинава.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност