Свет
26. December 2016 - 14:08

Четворица загинати во невреме на Филипините

Четири лица загинаа, а околу 380.000 други беа принудени да ги напуштат своите домови при налетот на силен тајфун, што го погоди источниот дел од Филипинскиот Архипелаг.

Тајфунот Нок-тен, што ја погоди филипинската провинција Катандуанес, продолжи да се движи западно кон централните подрачја на државата со брзина на ветрот од 215 километри на час. 

Властите предупредуваат и на можни поројни дождови.

Поради невремето авиосообраќајот е во целосен застој.