Четворица загинати во поројните дождови во Чиле, а 1,4 милиони домаќинства останаа без вода за пиење
Над 1,4 милиона домаќинства во чилеанската престолнина Сантјаго вчера останаа без вода за пиење заради поројните дождови, што се излеаја над централниот дел на Чиле.
Во невремето загинаа четири лица, а седум се водат за исчезнати, пренесоа француските медиуми.
Дождовите почнаа да врнат во саботата и предизвикаа свлечишта на земјена маса и излевање на реката Маипо, што е извор на вода за поголемиот дел од Сантјаго, град со население од 6,5 милиони.
Откако во водоводите потече загадена вода, властите одлучија да го прекинат водоснабдувањето.
Запирањето на водата засегна 1.450.000 домаќинства, соопшти претставник на градот. Тој додаде дека не се знае кога ќе може да се обнови снабдувањето со вода за пиење, бидејќи реката Маипо и натаму е преполна со кал.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски