Четврти „Маратангон“ од утре до недела во Скопје
Во ТЦЦ Плаза од утре до недела ќе се одржува четвртиот Интернационален танго маратон „Маратангон“, кој го организира танцовиот клуб „Фамилија Тангови“ од Скопје.
На тридневниот маратон во аргентинско танго ќе учествуваат играчи од десетина европски земји (Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Полска, Турција...) и 60-ина танчари од Македонија. На дневните и ноќните игранки ќе има и четворица странски диџеи.
„Маратангон“ се одржува секоја година во октомври, а годинава првпат на нова локација - во ТЦЦ Плаза во Тафталиџе. Маратонот не е натпреварувачки и учеството е по избор на заинтересираните вљубеници во тангото.
- Маратонот нема натпреварувачки карактер. Учесниците се индивидуалци коишто се регистрираат за да дојдат на настанот. Доаѓаат по сопствена волја, учествуваат, комуницираат меѓу себе, изјави Марија Бејкова, инструкторка во „Фамилија Тангови“.
Ново на Сител
-
На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот