Македонија
28. August 2020 - 19:35

Четврти протест во Тетово против поскапата струја

Над 1000 граѓани во Тетово го искажаа својот револт против одлуката на РКЕ да ја поскапи струјата за 7,4 проценти.

Ова е четврти протест по ред. Денес се протестираше само во Тетово и Гостивар а во останатите градови протестите беа одложени пораи денешниот празник. 

Демонстрантите бараат да се поефтини струјата  и да се намали ДДВ за вкупно 46 проценти, потоа бараат да се укине РКЕ а да се формира ново независно арбитражно тело што ќе ги контролира услугите што енергетските компании им ги нудат на потрошувачите. 

Мирјана Јовеска