Четврти Саем за транспорт - товарни возила
Скопски саем од задутре до 28 овој месец ќе биде домаќин на четвртото издание на Саемот за транспорт - товарни возила.
На надворешен изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
- Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила, соопшти денеска Скопски саем.
Преку овластени застапеници на Саемот ќе се претстават Шмиц Каргобул, Мерцедес бенз, Ивеко, ДАФ, Когел, Крон, Волво, Сканиа, Грејт вол, Мотоцентар.
Партнер на манифестацијата ќе биде транспортната асоцијација СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ.
Работното време на саемот ќе биде од 10 до 18 часот, а влезот за посета е бесплатен.
Ново на Сител
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта
-
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви
-
Магла во Делчево и Струмица
-
Облачно со локален дожд, температури до14 степени
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона