Чикаго го тресе Бреноманија: Најголемата балканска ѕвезда со синот ја продолжува американската турнеја

Просторот "Joe’s Live" во Чикаго се полнеше додека Лепа Брен имаше прес конференција во врска со светската турнеја „Зај је важно дал се пева или пјева“ на која настапува со својот син Стефан Живојиновиќ.

По конференцијата и сликањето со обожавателите се појави на бина пред публика која врескаше од возбудување.

Сите чекаа да зепее најголемата ѕвезда од просторите на поранешна Југославија.

Дека и натаму е број еден и дека и нема рамна, докажа после првата песна.

Публиката пееше на цел глас со својата миленичка, која ги испеа и старите како и новите хитови, а интересно е што вистинска еуфорија настана кога ги запеа песните од новиот албум.

Недолго потоа, на сцената на Брена и се придружи Стефан Живојиновиќ кого публиката одлично го прифати. Играњето, пеењето во еден глас, се обележјата на овој многу успешен концерт на Лепа Брена и Стефан Живојиновиќ.
Турнејата по американските градови продолжива во текот на целиот април.

Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
