Чистење канали и вади во Општина Зрновци
Општина Зрновци спроведува акција за чистење на каналската мрежа. Паралелно со ова се чистат и вадите кои потоа ќе бидат целосно бетонирани.
- Пред почетокот на пролетната сеидба се зафативме со чистење на каналите и вадите кои се потребни за испорака на вода до нивите на земјоделските производители од општина Зрновци. Со средства од повеќе извори по чистењето и на вадите истите ќе ги бетонираме со што целосно ќе ги заштитиме од пропаѓање и од загуба на вода, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Станков истакна дека во оваа акција ќе бидат исчистени и бетонирани земјените вади во Морошко поле во должина од 1.400 метри, како и вадите на Кочански, Винички и Штипски пат во вкупна должина од 3.600 метри. Ќе бидат исчистени и вадите во неколку атари во населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка