-->
-->
Чистење канали во Гази Баба
-->
Јавното претпријатие Водостопанство „Скопско Поле" изминатиот период вршеше машинско и рачно расчистување на каналите во општина Гази Баба во должина од 8750 метри.
Како што соопшти Општината, во Економија е расчистен каналот во должина од 300 метри, кај местото викано Шамак-главниот канал (Горна зона) каналот во должина од 1.850 метри и во Инџиково дел од каналот со должина од 2.200 метри.
Се вршеше и машинско чистење на Идризовскиот канал во должина
од 370 метри, а во моментот се работи на расчистување на Инџиковскиот канал, долен дел и каналот кај Дрма.
Со овие активности се намалува можноста од излевање на атмосферските води и поплавување на земјоделското земјиште при поголеми врнежи од дожд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст