Чистење на Скопје веднаш по Супер купот на УЕФА
Веднаш по завршувањето на Супер купот на УЕФА, синоќа екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје спроведоа посебна акција за чистење на централното градско подрачје - плоштадите Македонија, Филип Втори, Богородица, Мајка Тереза и ВМРО, како и пошироката околина на Градскиот стадион.
Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“, во акцијата беа ангажирани 60 работници, а се употребуваа две големи метлачки, едно специјално комунално возило – пијаџо, едно специјално комунално возило – кипер и три автоцистерни.
Екипите на „Комунална хигиена“ извршија и расчистување на улицата „Самоилова“, како и на платото пред црквата Св. Спас под Скопското Кале, каде што се одвива манифестацијата Пивофест.
- Вчерашната акција беше завршница на едномесечните активности што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ги спроведуваше во пресрет на Супер купот на УЕФА, во насока на одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион. Од 11 јули 2017 година, во овие активности секојдневно учествуваа приближно 20 работници што беа ангажирани за расчистување на отпадот, чистење и метење на скалите што ја поврзуваат ул. „Лазар Личеноски“ со кејот на реката Вардар, со рачно и машинско метење на скалите, рачно и машинско метење околу Градскиот стадион; расчистување на отпадот под мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, мостот „Мајка Тереза“, мостот „Око“ и мостот „Слобода“, како и рачно и машинско миење на сите улици и патеки околу Градскиот стадион, наведува ЈП „Комунална хигиена“.
Во чистењето по натпреварот, како што информира Град Скопје, се вклучија и останатите јавни комунални претпријатија со активности на јавните зелени површини во Градскиот парк, улиците и плоштадите на кои беа поставени фан зоните.
Активностите, како што соопшти Град Скопје, се одвиваа цела вечер и ќе продолжат денеска до целосно расчистување на просторот.
Според градските власти, на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед присуствувале околу 33.000 навивачи, а Скопје изминатите дена го посетиле повеќе од 100.000 туристи.
Ново на Сител
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај