Членките на НАТО ги зголемуваат воените буџети, но се уште се под два отсто од БДП
Државите членки на НАТО веќе трета година по ред зголемуваат издвојувања за одбрана, но и понатаму, кај голем дел од нив тоа е под зацртаната цел од два отсто БДП, покажува годишната анализа објавена од Алијансата.
Според извештајот, лани Велика Британија. Полска, Грција и Естонија ја исполниле или надминале целта од два отсто БДП, наменети за одбрана. Оваа година според најавите, се очекува во тој клуб да влезат Летонија, Литванија и Романија.
Кога се гледа по глава на жител, Хрватска за одбрана во 2016 година издвојувала 178 долари, а во 2017 – 190 долари. Помалку од неа издвојуваат Албанија, 54 долари, Црна Гора 123 долари, Бугарија 128 долари и Унгарија 165 долари. Најмногу издвојуваат САД – 1.896 долари, потоа Норвешка 1.481 долар, Велика Британија 896 долари, Франција 760 долари.
Вкупно. Европските членки на НАТО и Канада за одбрана во 2017 година издвојувале 1,45 отсто БДП, а САД 3,57 отсто.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот