„Чоколадгејт“ предизвика нови несогласувања меѓу Загреб и Белград
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека извинувањето на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ до родителите чии деца добија чоколади од српска фабрика, е „јасен знак дека таа држава не сака добри односи со Србија“.

– Во вода паѓаат сите работи за пријателство и дури сега може да очекуваме непријатности од Хрватска ако проблем им се чоколади, изјави Николиќ за српски медиуми.
Тој додаде дека државите кои се во војна војуваат така што не купуваат производи од другата страна, а не слушнал дека „Хрватска им објавила војна“.
Грабар Китаровиќ на децата на војници во Дубровник им поделила чоколади Пионир, што предизвика негодување во јавноста во Хрватска, по што претседателката се извини.
Во денешни извештаи од Хрватска, западни медииуми јавуваат за т.н. чоколадгејт што почнал во градинка во Дубровник поради поделени чоколади од српска фабрика.
– Неколку чоколади произведени во Србија поделени од хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ предивзикаа остри реакции во државата влошувајќи ги уште повеќе односите меѓу Загреб и белград, наведуваат тие.
– Бев многу разочарана бидејќи лично ја поддржувам кампањата Купувајте хрватско, изјави Китаровиќ која им се извини на родителите на децата и вети дека тоа нема да се повтори.
– За какво нормализирање на односите зборуваме ако едно обично чоколадо може да предизвика етничка нетолерантност, наведе српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во изјава за локални медиуми.
Ново на Сител
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
