Чомски: ИД не може да биде поразена со воена сила
Исламска држава не може да биде поразена со воена сила, а со интензивирањето на воздушните напади на терористичката организација Западот ја зголемува веројатноста за големи терористички напади како тие во Париз од 13 ноември, изјави познатиот американски научник Ноам Чомски.
- Доколку Западот сака да ја намали можност од натамошни терористички напади, треба да се занимава со причините за терористичките напади во Париз, истакна Чомски.
Тој нагласи дека причините за тие напади се инвазијата на Ирак и Авганистан, како и вахабизацијата на сунитскиот ислам, што резултираше со интензивирање на глобалниот радикален исламизам.
- Значи пред да прибегне кон бомбадирање на ИД на Блискиот Исток, Западот треба прво да се праша поради што дошло до сето ова, вели Чомски.
- Доколку сакате сето тоа да заврши, првото прашање кое треба да си го поставите е: Зошто сето ова се случило? Кои беа неспоредните причини и кои се подлабоките корени?, изјави Чомски.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден