Македонија
28. October 2015 - 11:04

Човечко месо пронајдено во виршлите

 
 
Хот догот е неизоставен продукт и на трибините за време на бејзбол или кошаркарските натпревари, совршен оброк за да се “убие“ гладот кога немате време да седнете во ресторан или пак да си зготвите нешто дома.
 
Меѓутоа, најновото истражување покажува дека недовербата кон виршлите во хот-догот имаат добра основа.
 
Организацијата „Clear Food“, која се занимава со анализа на храна врз основа на молекулите, состојка по состојка, објави извештај во кој открива дека во мал број тестирани хот-догови се наоѓаат траги од човечка ДНК.
 
Поточно биле тестирани 345 парчиња хот-дог, односно виршли од 75 производители и 10 трговци од малопродажба, а од нив 14,4 отсто на некој начин се покажале проблематични.
 
Во 2 проценти од тестираните производи била пронајдена човечка ДНК, која била и во две третини во вегетаријанските колбаси. Вкупно 10 отсто од вегетаријанските производи содржеле траги од месо.
 
Исто така извештајот, покажал дека некои производи содржат состојки кои не се наведени на декларацијата, односно дека некои од наведените производи всушност воопшто ги нема во составот. Наспроти тоа, „Clear Food“ наведува дека некои од тестираните производи имаат завиден квалитет.