-->
-->
Чуден знак среде зима: Змија во снегот го зачуди регионот
-->
Змија која утрово се појави во близина на една куќа во Петњик и тоа на снегот, изненади една жителка на тоа село која сепак ја зачува присебноста и успеа да направи фотографија.
Жителите на беранското село Петњик велат дека не паметат дека виделе нешто слично. Некои пак, склони на народното верување, сметуваат дека излегувањето на змија среде зима претставува одредено претскажување.
Дали причина за тоа е благата зима, или пак според народното верување се работи за т.н. „прогонета“ од змиското легло, никој со сигурност не може да каже.
Било како било, змија на снегот во март, предизвика неверување меѓу жителите не само на ова село, туку и пошироката јавност во Црна Гора, а се стравува и дека ќе дојде до некоја природна катастрофа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот