ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Цвеќе процвета во пустина, туристите воодушевени!
Стотици илјади туристи оваа пролет го посетиле градчето Борего Спрингс во Калифорнија, со цел заеднички да посведочат на вистинско чудо на природата, „супер цветање“ на билки во пустина.
Ова градче, кое се наоѓа на околу 135 км североисточно од Сан Диего, стана светска атракција, поради чудната појава во Анза-Борего националниот парк, кој се наоѓа во близина на овој град, пренесе Си-Ен-Ен.
Како што се наведува, условите за овој природен феномен се создаваат еднаш во 10 години, кога пустината во Калифорнија ќе процвета, а минатогодишните врнежи и високата температура дополнително му годеле на тој феномен.
Токму поради тоа Долината на смртта, односно, пустинската долина на истокот на Калифорнија, станува атрактивна за сите љубители на природата.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот