Чулев: Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба
Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.
-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.
Со законска сила, информираше министерот, донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.
На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за реорганизација на државната управа
-
Штипјанецот кој ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ | Никола Мицевски | Sitel Podcast 042
-
Нападнала и ограбила малолетник, приведена девојка која извршила разбојништво
-
ЦУК: Бојно гаѓање на стрелиштето „Еребино“ од утре до среда
-
Скопјанец пронајден починат во охридски хотел
-
Загина скопјанка, 26 годишник jа прегазил со мотор
-
Несекојдневна сообраќајка: Се судрија два мотори во Неготино
-
Дедо во инвалидска количка заврши во болница откако бил удрен од автомобил