-->
-->
Чупиќ во дресот на Вардар
-->

Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ е нов член на Вардар каде треба да остане во следните четири сезони. Чупиќ кој во мај на „фајнл фор“ турнирот во Келн како играч на Киелце го освои трофејот во Лигата на шампионите, доаѓа во Скопје како засилување на десната крилна позиција.
Тој е четвртото засилување за Вардар во новата сезона и ќе игра заедно со Даниел Шишкарев на десната страна. Минатата сезона во Лигата на шампионите постигна 67 гола. Како член на Киелце постојано ја освојуваше двојната круна во Полска.
Со Киелце две години по ред пред освојување на трофејот, играше и на Ф4 турнирот во Келн. И со германски Рајн Некар во сезоната 2010/2011 играше на Ф4 турнирот.
Чупиќ од 2009 година постојано е дел од сениорската репрезентација на Хрватска. На Олимпијадата во Лондон 2012 година беше втор најдобар стрелец
- Задоволни сме што во нашите редови во иднина ќе имаме играч кој бил европски првак и го знае тоа чувство. Вардар има амбиции да се искачи што е можно погоре на ракометниот европски врв и секогаш сака да ги има во своите редови оние што можат да му помогнат во остварување на таа цел. Веруваме дека Иван брзо ќе се вклопи во нашиот тим и заедно со Даниил Шишкарев ќе бидат одличен тандем на позицијата десно крило, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Чупиќ ќе му се приклучи на македонскиот шампион по завршувањето на Олимпијадата во Рио каде настапува за својата репрезентација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
