Свет
18. February 2016 - 12:25

Чуркин: Турција обучува терорсти за напад на Русија

Постојаниот претставник на Русија при ОН Виталиј Чуркин денеска изјави дека е можно Турција да ги обучува џихадистите на Исламската држава, не само да се борат во Сирија, туку и потенцијално да се префрлат во Русија, пренесува Танјуг. 

- Наводно претставници на ИД, со помош на турски разузнавачки служби, формирале широка мрежа во Анталија за регрутирање на поединци, кои доаѓаат во Турција од постсоветските земји, за да учествуваат во судирите во Сирија, како и во случај на заминување во Русија, наведе Чуркин во писмото до Советот за безбедност на ОН. 

Тој ги именуваше лицата кои регрутираат, меѓу кои се и државјани на Русија и Азарбеџан, пренесе ТАСС.

Нив ги предводи рускиот државјанин Руслан Растјамович Каибулов, познат како Барис Абдул или под псевдонимот „Учител“, кој е роден на 1 април 1978 година во Татарстан, тврди рускиот дипломат. 

-Тој живее со своето семејство во Анталија, а има дозвола за постојан престој во Турција, наведе Чуркин. 

Тој истакна дека регрутацијата се врши со знаење на администрацијата од привремениот центар за апсење во Анталија. 

- Доколу уапсениот се согласи да го прифати исламот и да се ангажира во терористичките активности, регрутерите ветуваат дека ќе направат договор со турските агенции за спроведување на законот и ќе му понудат бесплатни услуги од турскиот адвокат Тахир Тосолар, додаде Чуркин. 

Според неговите зборови, турскиот државјанин Султан Кекхурасев, со потекло од Чеченија, ги посетува тие центри за уапсени. 

Рускиот амбасадор при ОН истакна дека ранетите борци од Сирија се на лечење и дека им е обезбедено место за одмор во турските области во близина на Сирија. 

Тој наведе дека најмалку 700 војници биле на рехабилитација во турскиот град Газијантеп.