ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда

ЦИА вчера декласифицираше повеќе од 70 претседателски разузнавачки белешки кои се однесуваат на џихадистичката група Ал Каеда и нејзиниот поранешен водач Осама бин Ладен, 25 години по нападите на 11 септември.
Оваа објава носи „транспарентност без преседан во најчувствителното разузнавачко досие во Америка, кое ги покрива годините што претходеа и денот по еден од најтемните моменти во нашата историја“, наведе ЦИА во соопштение.
Документите „следат како се менувало сфаќањето на аналитичарите на ЦИА во поглед на Ал Каеда, како и нивните напори да ги расветлат плановите за напад на Осама бин Ладен, и покрај ретките, нејасни и нецелосни информации“, се додава во соопштението.
Една од белешките, од 10 септември 1998 година, предупредува дека Ал Каеда „би можела да сруши авион полн со експлозив врз некој американски град“.
Друга, од 4 декември 1998 година, наведува дека Осама бин Ладен „и неговите сојузници се подготвуваат за напади во Соединетите Држави, вклучувајќи и грабнување авион“.
САД на 11 септември 2001 година беа мета на четири координирани самоубиствени терористички напади што ги извршија 19 припадници на исламистичката група Ал Каеда, и во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.
МИА
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
