ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД
- Главниот експерт на ЦИА за Азија предупреди дека Кина води „тивок вид студена војна" против САД, користејќи ги сите свои ресурси за да се обиде да ги замени САД како водечка сила во светот.
Мајкл Колинс од отсекот на ЦИА за Источна Азија, за време на обраќањето на безбедносен форум во Аспен, истакна дека Пекинг не сака да војува, но дека кинеската влада суптилно работи на неколку фронтови за да ги поткопа САД.
Покрај трговските спорови, САД се загрижени и поради кинеските кражби на деловни тајни, модернизацијата на кинеската армија и изградбата на воени објекти на островите во Јужното Кинеско Море.
Колин тоа го нарече „Крим на Истокот".
Коментарите на Колинс на третиот ден од форумот се совпаѓаат со ставовите на други високи американски официјални лица, вклучувајќи го и директорот на ФБИ Кристофер Вреј и директорот на националната разузнавачка служба Дан Коутс, кои ја посочија Кина како најзначајна опасност за САД денес.
Ново на Сител
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
