-->
-->
CIES: Ова е најдобриот тим во 2015
-->

Центарот за спортски истражувања (CIES) го објави идеалниот тим за 2015 година. Се работи за истражување кое се потпира на статистички податоци, односно во анализата можат да влезат фудбалери кои настапуваат во едно од Топ 5 национални првенства и кои одиграле најмалку 2.250 минути (25 натпревари).
Интересно, според анализата на CIES, во идеалниот тим за 2015 година нема место за Луис Суарез, Роналдо, Нејмар. Центарот за спортски истражувања ги спомена играчите кои не го исполниле условот за да влезат во нивните анализи.
„Без оглед на одличната форма некои играчи не влегоа во изборот, бидејќи не одиграле најмалку 2.250 минути. Тука се мисли на Ибрахимовиќ, Кун Агуеро, Салах, Давид Силва, Хесус Навас, Рамзи, Коларов и други“, стои во соопштението на CIES.
Идеалниот тим на CIUES за 2015 година:
Нојер (Баерн) – Дани Алвес (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Кјелини (Јувентус), Начо Монреал (Арсенал) – Гундоган (Дортмунд), Санти Казорла (Арсенал) – Езил (Арсенал), Де Брујне (Ман.Сити), Азар (Челзи) – Меси (Барселона).
Центарот за спортско истражување, исто така, го објави и најдобриот тим на играчи под 23 години.
Кариуз (Мајнц) – Белерин (Арсенал), Умтити (Лион), Варан (Реал), Вендел (Леверкузен) – Толисо (Лион), Погба (Јувентус) – Бернардо Силва (Монако), Баркли (Евертон), Фелипе Андерсон (Лацио) – Дибала (Јувентус).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
