Ципрас: Договорот со кредиторите зависи од мерките за олеснување на долгот
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека за неговата земја да постигне спогодба со кредиторите за дополнителните мерки за штедење, неопходни се, исто така, и „суштествени мерки“ за олеснување на долгот, пренесоа француските медиуми.
Финализирањето на спогодбата и гласањето на мерките ( барани од ЕУ и ММФ) ќе бидат направени, но под услов истовремено да има и суштествени мерки за (олеснување) на долгот, посочи Ципрас во интервју за денешното издание на весникот „Етнос“.
Преговорите меѓу владата и претставниците на кредиторите за ревизијата на веќе спроведените реформи и оние кои допрва претстојат, траат веќе неколку месеци, што создава пречка за ослободување на траншите од меѓународните заеми за земјата.
Најголемата пречка во преговорите е барањето на кредиторите за задржување на висок првичен буџетски суфицит по завршување на сегашната спасувачка програма, конкретно и по 2019 година. Ваквото барање Атина ја принудува да продолжи со штедење во државните расходи, кои, според кредиторите, ќе бидат спроведени најмногу преку ново намалување на пензиите или намалување на плафонот за даночно олеснување.
-Во следните неколку дена ние ќе имаме пробив во преговорите со кредиторите, ние сме во последната фаза од финализирање на спогодбата, изјави денеска за телевизијата Скај портпаролот на Владата, Димитрис Џанакопулос.
Одговорни претставници на кредиторите, од своја страна, подвлекуваат дека има извесен напредок за некои поглавја од преговорите, но во моментов не можат да потврдат дека спогодбата ќе биде постигната во најскоро време.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател