Македонија
9. November 2018 - 16:14

Ципрас: И на Гугл ќе треба да ја бараат Северна Македонија, договорот ќе помине во Грција

Грчкиот премиер е  цврсто убеден дека договорот од Преспа ќе помине   парламентот во Атина .  Во телевизиско интервју , Алексис Ципрас , објаснува дека  за тоа постои расположение и кај пратениците, но и кај граганите.

140 земји ги нарекуваат Македонија,  сега ќе ги нарекуваат Северна Македонија. За да ја најдете земјата ,   на  Гугл  ќе треба  да напишетее Северна  Македонија, кога договорот ќе помине. А тој со право ќе помине,  затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика, а особено нашите сограѓани од Северна Грција, сфаќаат дека не може Македонија, Солун да стане економска престолнина на Балканот кога со грб е свртена кон соседите.

Ципрас верува дека во одлучувачкиот момент во грчкото собрание  дури  и остриот противник на  договорот  Каменос ќе биде во дилема како да гласа бидејќи спогодбата е во интерес на државата.  Според него,  мнозинството  би било уште поголемо доколку  лидерот на Нова демократија  Мицотакис ќе им  дозволи на своите пратеници да гласаат .

Во интервјуто Ципрас вели дека не загрижен поради  водството на опозицијата  во последните анкети.  Напротив тој очекува убедлива победа на Сириза на изборите за европскиот парламент во мај, но и на општите избори во Грција, кои како што истакна ќе се одржат во октомври  2019 година.