Ципрас: Проблемите на Грција ќе завршат во август следната година
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за весникот „Фигаро“ изрази уверување дека проблемите на Грција ќе завршат во август следната година, кога истекува рокот на програмата за спас на земјата.
- Првпат верувам дека ова повеќе не е сон. Грција плати една многу тешка цена за европската криза и грчкиот народ направи големи жртви во последните седум години. Направени се многу грешки и од грчка и од европска страна. И тие беа платени многу скапо, истакна Ципрас.
Тој за францускиот весник истакна дека со заеднички напори неговата Влада успеала да го избегне најлошото и земјата да остане во еврозоната.
Ципрас смета дека Европа треба да стане попривлечна за младите луѓе и оти е неопходно европските институции да станат подемократски.
- Повеќе е невозможно сите одлуки да се носат зад затворена врата, истакна грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори